Маж од Холандија предизвика огромно внимание во медиумите со своето, во најмала рака, претерано донирање сперма на клиниките за лекување неплодност.
Откриено е дека својата сперма ја донирал во 11 различни клиники и со тоа овозможил раѓање на дури 102 деца, пишуваат светските медиуми.
– Само сакам да ги ускреќам другите. Клиниките, инаку, имаат проблем со донорите, па се среќни кога некој ќе ги помине нивните тестови. А, јас секогаш ги поминував – рекол неименуваниот повеќекратен татко.
Донорот од Холандија го пријавиле неколку жени, откако ја откриле неговата претерана склоност кон донирањето.
Освен на клиниките, мажот својата сперма ја нудел и на интернет.
Во Холандија донорите можат да имаат најмногу 25 деца од една причина – за можноста, децата подоцна да стапат во љубовна врска, не знаејќи дека се роднини, да се сведе на минимум.