Каков срам! Некои од најголемите холивудски лица на денишницата одбиле на Оскарите да и аплаудираат на добитничката на Оскар за костимографија.
Џени Беаван е името кое се крие зад генијалните костими во “Mad Max: Fury Road”, но никој не се сетил да ѝ аплаудира кога Кејт Бланшет ја повикала да ја преземе наградата. Една од теориите за тоа зошто Џени не добила аплауз, е дека не го почитувала дрес кодот.
Имено, на Оскарите таа дошла облечена во кожна јакна и шал. Повеќето ја набљудувале со осудување, иако за облека и костимографија знае повеќе сите нив заедно.
Британката изјавила дека се чувствува убаво, и дека според своите критериуми е дури и прилично средена. За Беаван ова инаку не е прв пат да освои Оскар.