Следната година во Холивуд би можело да започне снимањето на филм инспириран од животот на убиената пејачка од Гранд), Јелена Марјановиќ, чие неразјаснето убиство е една од анјголемите мистерии во новата историја на српската криминалистика.
Во трилерот би требало да играат Кира Најтли или Сандра Булок во улога на Јелена.
– Агенти на ФБИ доаѓаат да им помогнат на колегите да го решат мистериозното убиство. Во фокусот нема да биде само убиството што се случи на 2 април во Борча, но ќе се зборува за него. Во моментов се работи на сценариото и повеќе детали за целиот птоект ќе се знаат напролет. Идејата на авторот е да се прикаже врската меѓу криминалот и државата и улогата на медиумите. Убиството на Јелена Марјановиќ е интересно зашто медиумите пишуваат за него секој ден половина година, а нема цврсти докази за тоа кој е убиецот и целиот случај изгледа како совршено злосторство, објаснува за Курир.рс еден од соработниците на филмот кој со години живее во Америка.
Споругот на убиената пејачка, Зоран, вели дека е подготвен да им помогне на драматурзите.
-Најважно би ми било профилот на личноста на Јелена, со сите доблести кои ја правеа исклучителна личност, да биде прикажан во што пореално светло. Веќе неколку шисатели со кои сум се среќавал покажаа интерес да напишат книга за мојата сопруга. Знам дека овој случај им е интересен на многумина, зашто вакво нешто никогаш не се случило. Мене не ми е дојдено до глума и филмско платно, туку да се дознае кој ѝ го зема животот на Јелена, а на Јана правото да расте покрај мајка, вели Зоран за Курир.рс