ХОРОР: Доктори обезглавија бебе за време на пораѓање


Докторите случајно му ја откинале главата на бебето кое се заглавило при породувањето, пренесува Дејли Меил. Страшниот инцидент се случил откако докторите се бореле да го донесат детето на свет во една болница во Тартагалу во северозападна Аргентина.

Главата на детето останала во утробата на мајката, покасно била извадена по природен пат, како што стои во извештаите. Мајката и нејзиниот сопруг ги објавиле деталите за трагедијата и поднеле пријава против грубата намера на персоналот во болницата. Ова несреќно породување се случило на 22 седмица од бременоста кога добила контракции на Божиќ.

Брзата Помош ја пренела во болницата Хуан Доминго Перон каде медицинскиот тим одлучил дека мораат да ја породат природно поради тоа што бебето било мало. Но, поради тоа што излегло телото на бебето, главата му останала заглавена.

Мајката изјавила дека нејзиниот сопруг отишол да купи пелени и кога се вратил, го затекнал лекарот како го држи обезглавеното тело на неговото дете. Во интервју за сајтот Ел Грито Салта, мајката изјавила дека го обвинува докторот кој го водел породувањето.

– Знаев дека моето бебе е живо, затоа што направив тест пред да стигнам во болницата и на него срцето чукаше. Истото го покажа и тестот кои ми го направија кога стигнав во болницата, изјавила мајката.

– Кога ми пукна водењакот, докторот ме одведе во собата за продување и почна да ми го бута стомакот и извлекува бебето, иако не чувствував болки. Барав царски рез, но ми кажаа дека нема кој да му помогне околу тоа. Но, кога главата на бебето остана внатре набрзо се најде некој кој може тоа да го направи, додала таа.

Сега ја бара правдата за овој случај кој може да се случи на било која жена. Оваа мајка смета дека треба да отпуштат сите лекари и сестри кои учествувале во нејзиното породување. Бебето им го предале утредента во бела кутија. Тоа било нивно прво дете и болката на овие родители не може со зборови да се опише.

Директорот на болницата изјавил дека на мајката не и направиле царски рез затоа што била отворена 11 цм.

– Бебето било свртено обратно, па прво излегло телото. Кога на ред стигнала главата, дошло до грчеви на матката, кои го притиснале вратот и главата останала внатре, изјавил тој.

Аргентинското обвинителство потврдило дека ќе биде покрената истрага по повод смртта на бебето. Директорот на болницата изјавил дека ќе соработува во оваа истрага, но дека нема да ги суспендира докторите, додека не се докаже нивната вина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1