Лекарите се борат за животот на Бинака Банај (71) кој денеска во Тузи кај Подгорица беше два пати избоден со нож во грбот.
Осумгодишното дете З.Р. и десетгодишниот Х.Б. се уапсени во Тузи крај Подгорица, под сомнение дека со нож тешко го подредиле 71-годишниот старец.
Како што соопшти црногорската полиција, инцидентот се случил околу 13 часот во Тузи, во близина на Подгорица, откако децата се скарале со старецот и два пати го избоделе со нож во грбот.
Банај во тешка состојба е префрлен во Клиничкиот центар во Подгорица, каде лекарите се борат за неговиот живот.