Сестри на возраст од 2 и 4 години во неделата биле најдени мртви во машина за перење во источната кинеската провинција Јиангкси. Девојчињата според Fox news биле отечени и преполни со модринки а внатрешноста на машината за перење – крвава!
Ги нашол таткото. Според агенцијата Ксинхуа полицијата не се сомнева во убиство. Мајката на децата се онесвестила кога дознала што се случило.
Франс прес не доби потврда од кинеската полиција дали нема сомнеж за убиство.
Децата си играле сами во куќата додека мајката готвела а таткото гледал ТВ. кога мајката видела дека ги нема мислела дека се надвор во дворот – откако не ги нашла, таткото забележал дека машината свети. Кога ја отвориле следела шокирачка глетка. Девојчињата биле мртви.
До машината за перење имало детско столче, но на социјалната мрежа Weibo која е еквивалент на Твитер се појавија коментари со големи сомнежи од граѓаните.
– Столот е превисок за мали деца, не можеле да се качат. Можно е да е убиство, кој не верува во тоа? – пишува еден граѓанин.
Големо прашање е како машината се вклучила.