Воспитувачките во една градинка во Кина биле снимени како во неколку наврати физички ги злоставувале децата.
Една од воспитувачките со нога го удира малечкото детенце кое што расплакало едно од своите другарчиња, а снимен е и моментот кога едно од децата било смирено со удари со тениски рекет врз главата.
Снимката на интернет се појавила на 17 септември, а злоставувањето на дечињата во градинката со безбедносната камера било снимено на 9 септември оваа година.