38 годишната Џ.А. од Кавадараци вчерапријавила во полиција дека нејзиниот сопруг М.А. ја обљубил нивната 12 годишна ќерка.
-Таа пријавила дека во изминатите неколку месеци, а последен пат ноќта на 29/30.11.2016 година М.А. во семејната куќа, со употреба на сила и закана по животот со нож, извршил обљуба врз нивната дванаесетгодишна ќерка, информираат од МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.