Мајката на девојчето го пријавила случајот во полиција. Гинеколог по прегледот треба да го потврди случајот, објави Канал 77.
Таткото Г.С. од карбинското село Радање живеел одделно од сопругата, која ги однела трите деца со неа во семејната куќа на родителите.
Таткото, по семејна расправија, ги зел децата кај себе. Во понеделникот ја силувал една од близначките. Г.С. често во пијана состојба ги малтретирал и своите родители.
Задржан е во полиција, а со девојчето работи тим од центарот за социјални грижи.