Хорор на Балканот: Татко си ги убил двете малолетни деца, па се обидел да се самоубие


Две малолетни деца се убиени во средата вечерта во месото Липницa крај Тузла, а како убиец е идентификуван нивниот татко, кој по ова безумно злосторство се обидел да изврши самоубиство.ubistvo-bih

Портпаролот на полицијата на Тузланската полиција, Изудин Шариќ, потврдил дека се убиени две деца, и оти нивниот татко во тешка состојба е префрлен во болница. „Мажот пукал во двете деца, а потоа се обидел да изврши самоубиство“, рекол Шариќ по злосторството извршено по 20 часот во средата.

Електронското издание на дневниот весник „Dnevni avaz“ објави дека станува збор за 32-годишниот Неџат Џедовиќ. Тој во својот автомобил од огнено оружје ја застрелал дванаесетгодишната ќерка и синот на пет ипол годишна возраст.

Потоа истрелал неколку куршуми во себеси. Девојчето било убиено на самото место, а момченцето уште давало знаци на живот кога пристигнала итната помош, но набрзо и тоа починало. Полицијата се обидува да го разјасни мотивот за оваа трагедија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1