Хорор: Црви ѝ паѓале од таванот, соседот се распаѓал на горниот кат


Илјадници црви од таванот паѓале во кујната на семејството Дејви во јужен Лондон. Кога откриле за што всушност станува збор се ужаснале! Црвите биле тука поради мртвото тело кое во станот над нивниот се распаѓало веќе месец дена.

Кога црвите започнале да паѓаат, Карен Дејви (37), која го дели станот со сопругот и нивните четири деца, прво била збунета а потоа ја започнала својата борба со нападот на црви и муви, пренесува Daily Mail.

svashta-invazija-na-crvi-bidejki-vo-stanot-nad-nea-imalo-mrtvo-telo-nikoj-ne-go-primetil-3

Со ноќи не спиела туку наместо тоа седела и чекала да се појават, а потоа френетично ги чистела со пестициди.

Децата, како што вели, се истрауматизирани. Се плашат да влезат во кујна, а таа е уште повеќе истрауматизирана поради се’ што се случува во нејзиното соседство.

svashta-invazija-na-crvi-bidejki-vo-stanot-nad-nea-imalo-mrtvo-telo-nikoj-ne-go-primetil-1
“Од Здружението на станари прво ми кажаа дека ќе видат за што станува збор, но потоа се предомислија и кажаа дека тоа нема никаква врска со нив. Дури откако сама повикав полиција го откривме проблемот”, раскажува Карен. А тој се’ уште не е решен – никој не го исчистил станот во кој лежело мртвото тело иако од неговото пронаоѓање поминале недела дена, а црвите и понатаму паѓаат иако семејството ги затворило сите дупки во станот.

Од здружението на станари ми кажаа дека станот не го исчистиле поради полициската истрага, но штом ќе добијат одобрување ќе испратат тим против штетници. Веруваат дека станува збор за 49-годишен станар. Полицијата не верува дека станува збор за сомнителна смрт.

Sitel

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1