Хорор училиште – пронајдени гробишта со закопани ученици


Училиштето на ужасот под име „Артур Д. Гозиер“ постоело од 1900 година до 2011-тата. Тоа било училиште за „проблематични момчиња„. Децата биле крвнички претепувани, а во близина на училиштето се пронајдени гробишта. Смртта на 31 ученик била заведена во регистрите, но имале уште 14 неодбележани гробови!

florida-skolaОвие гробишта се пронајдени во делот на „обоените“ учиници. Тие биле одделени од белите деца, и се стравува дека такви гробишта има и од другата „белата“ страна на училиштето.Пред неколку години група поранешни ученици го тужеа училиштето за физичко и сексуално злоставување, но тогаш било проценето дека тврдењата не може да се проверат. Овие нови сознанија фрлаат нова светлина на тоа што се случувало во „Училиштето на ужасот“ во Флорида!

Сомнежите се дека децата биле анонимно погребувани, а на родителите им било речено дека избегале и од тој момент им се губи трагата. Сега форензичари ќе ги испитуваат неидентификуваните посмртни останки, во обид да се утврди причината за смртта, а нивната ДНК ќе биде испратена на анализа. Можеби ќе се потврди дека меѓу нив се децата на десетина семејства, кои пријавиле дека нивните деца го посетувале ова училиште и исчезнале

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1