Седумгодишната Кејти Ру почина во болница со тешки повреди предизвикани од нож.Девојчето било пронајдено заклано во парк во англискиот град Јорк во понеделникот попладне. Британската полиција како осомничена за убиството и за поседување на оружје приведе 15-годишна тинејџерка, која вчера се појави на суд.
Бабата и дедото на убиеното девојче, како и роднините, исто така, присуствувале на сослушувањето кое траело само осум минути. Обвинетата ги дала своите податоци, а пред судија треба повторно да се појави денеска. Таа засега не се изјаснила виновна, ниту пак понудила мотив за делото.
Тие пристигнале на местото на злочинот, парк во близина на семејната куќа, брзо откако соседите веќе ја пронашле избодената Кејти. Мајката хистерично плачела, а таткото почнал да си ја удира главата во ѕид. Кејти била пренесена во болница каде им подлегнала на повредите.