Хорор во Бразил: Чувар на градинка живи запали шест деца и воспитувачка


Чувар во градинка во бразилскиот град Жанаубу, запали шест деца и воспитувачка, а од изгорениците починал и самиот тој.

Во злосторството пријавено вчера, чуварот, за кој се тврди дека бил ментално болен, ги запалил децата и воспитувачката откако ги полил со алкохол.

Чуварот почина од последиците на изгорениците, а во опожарената зграда повредени се десетици луѓе.

– Најмалку 10 лица се во критична состојба, а вкупно 50 се хоспитализирани, изјави директорот на локалната болница Бруно Атајде Сантос.

Градоначалникот на Жанауба прогласи седумдневна жалост. Тој појасни дека било можно да се случи уште поголема трагедија, со оглед на тоа дека до запалената соба е просторијата за јасли. Доколку таа просторија била запалена, евакуацијата ќе одела побавно, бидејќи бебињата ќе требало да се носат во раце, а децата, во голем број, успеале трчајќи да се спасат.

Во моментот на инцидентот во градинката се наоѓале околу 80 деца. Кога пристигнале родителите виделе дека една од занималните е изгорена до темел.

Полицискиот надзорник Ренато Нуњес изјави дека чуварот Дамјао Соарес од 2014 година имал ментални проблеми. Во неговиот дом пронајдени се огромен број празни шишиња од алкохол. Тој работел шест години во градинката и немал директен контакт со децата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1