Слон утрово побегнал од циркус во Германија и усмртил еден човек.
Полицијата во Хајлброн вели дека 65-годишниот маж бил на својата редовнa утринска прошетка низ шумата, кога слонот го нападнал и му нанел смртоносни рани.
“Бејби”, 34-годишна слоница, потоа била фатена и вратена во циркусот.
Полицијата истражува дали некој можеби намерно ја пуштил слоницата од оградениот двор.