Хорор во Истанбул: Бомбашки напад – 11 загинати и најмалку 36 повредени (Видео)


Во експлозијата на автомобил бомба во центарот на Истанбул во вторникот утрото убиени се најмалку единаесет лица, а ранети се на најмалку 36 од кои тројца се во критична состојба, известија официјални извори.

Според сознанијата на телевизијата CNNTurk, во моментот кога наишло автобус со полицајци, далечински бил активиран експлозив поставен во паркирано возило. Од единаесетте загинати, седум се полицајци, објави гувернерот на Истанбул, Васип Шахин.istanbul2

„Денеска околу 8,40 часот извршен напад врз припадниците на специјалната полиција во квартот Везнеџилер со употреба на автомобил бомба. Загинаа четворица цивили и седум полицајци, 36 лица се ранети, од кои тројца се наоѓаат критична состојба“, изјави Шахин.

Додаде дека инцидентот официјално се истражува како терористички чин.

Засега ниедна од познатите терористички групи не ја презема одговорноста за овој напад. Во заднината на неодамнешните терористички напади во Турција стоеја Исламската држава, радикалните турски левичари и курдските милитанти за кои е особено карактеристично да извршуваат напади врз припадниците на турските безбедносни сили.itanbul

Сведоци за Reuters рекле дека виделе дека се погодени две полициски возила. Истрели се слушале во областа по експлозијата, објави агенцијата Anadolu. Објавена е снимка на вооружени полицајци во улицата покрај местото на експлозијата.

Турција оваа година претрпе низа бомбашки напади, вклучително и два самоубиствени за врз туристички локации во Истанбул за кои одговорноста ја презема Исламската држава, и два напада врз автобуси со офицери и полицајци во Анкара за кои одговорноста ја презема курдската милитантна група екстремната курдска фракција Јастреби за слободата на Курдистан

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1