Тела на 40 новороденчиња и фетуси се пронајдени во мртовечница во една болница во Рио де Женеиро, од кои некои останале заборавени со години, соопштија денеска бразилските власти.
Некои од телата се распаѓаат цели пет годни во мртовечницата на болницата Педро Ернесто во Рио де Женеиро.
Во мртовечницата се пронајдени и одреден број делови од тела, кои, како што тврдат обвинителите останале по итни ампутации.
– Тоа наликува на хорор филм. Наша цел е сега бебињата достоинствено да ги погребаме што е можно поскоро, изјави обвинителот Ана Критина Хут Масебо, додавајќи дека оваа болница е позната по високо ризичните породувања, што може да биде едно од појаснувањата зошто има толку мртви бебиња.
Директорот на болницата Родолфо Акатуасу Нуњес изјави дека родителите никогаш не дошле по телата на починатите и мртвородени бебиња.