Хорор во Лесковац: Го избодел со нож во срце поради банална причина


25- годишниот Милош Голубовиќ е убиен со кујнски нож недалеку од својата куќа во Лесковац, Србија

Во срце го избодел Стеван Стошиќ(21) после кратка расправа. Според наодите на лекарите, на телото на Милош имало два убода од ножsrbija belgrad policija

– Едниот убод е покрај срцето, а другиот право во срцето. Претпоставуваме дека починал на лице место, вели Милан Стојковиќ од Општата болница во Лесковац.

Другарите на Милош, кои биле собрани во едно кафуле во Лесковац велат дека тој страдал затоа што зборел гласно.

-Се враќаше со пријател од град и малку погласно разговарале додека проаѓале покрај куќата на убиецот. Тој почнал да ги пцуе од тарасата, а тие почнале да се расправаат со него. Стеван истрчал од куќата и го избодел, велат пријателите на Милош

Убиецот ја оставил жртвата на асфалтот и избегал. Полицијата го пронашла вчера околу 13 часот и го уапсила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1