Градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио, соопштил дека вчера во пожарот кој зафатил зграда во Бронкс, загинале 12 лица, вклучувајќи и 1-годишно бебе, додека лекарите се борат за животите на четири лица.
“Би можеле да изгубиме и други луѓе”, рекол Де Бласио.
Се наведува дека тоа, според бројот на жртвите, е најлошиот пожар во Њујорк во последните 25 години и дека се случил во текот на една од најстудените ноќи оваа зима.
Агенцијата наведува дека шефот на локалната Пожарна служба, Даниел Нигро, рекол дека ова е пожар “од историски размери” поради бројот на животи кои ги однел.
Телевизиската станица “NY1” известила дека двајца од настраданите биле пронајдени во када, а “BBC” ги пренесува изјавите на преживеаните кои велат дека луѓето “умирале врискајќи”.
Пожарот избил околу седум часот навечер во петкатницата во близина на Зоолошката градина во Бронкс, и дека околу 170 пожарникари се обидувале да се изборат со огнот и да ги спасат станарите.