Куче од расата „Стафорд“ утринава околу осум часот нападнал две жени во Панчево, Србија.
Едната била мајка на сопственикот на кучето, 66- годишна жена, која им подлегнала на повредите и починала, а другата жена се наоѓа во болница.
Нападат се случил во дворот на семејството кое го чивало кучето.Кучето ги нападнало двете жени, едната починала додека другата е во болница и се уште не се знае сериозноста на повредите.Полицијата врши увид и работи на расчистување на околностите, велат од полиција за Српски „Телеграф“.
Сопственик на кучето е 33- годишниот Иван Мунјеран, а жената која починала е неговата мајка, Радојка Мунеран.