Хорор во Штип: Му забила кујнски нож во глава на невенчаниот сопруг


Вистински хорор се случувал синоќа околу 2 часот по полноќ во куќа на улицата „Косовска“ во Штип.noz

Настанала расправија помеѓу Е.Д. (41) и неговата невенчана сопруга Џ.С. (45), по што ео еден момент жената зела кујнски нож и го фрлила кон Е.Д., кој му се забил и останал во главата, во пределот на челото. Истиот бил пренесен во Клинички центар Штип, каде што со хирушка интервенција му бил изваден ножот и се наоѓа вон животна опасност, информираат од полицијата.

Жената е приведена и задржана во полициска станица, а на местото на настанот е извршен увид.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1