Хорор во Скопје: Мајка си го претепала своето бебе


Притвор од 30 дена добила 30-годишна скопјанка А.Х. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање малолетно дете“. Мајката му нанела повреди на своето 19-месечно дете удирајќи го по телото и главата од што детето добило потрес на мозокот. Настанот се случил на 31 август 2016 околу 18 часот на ул. ,Аминта Трети“ во Скопје.baby-hospital bebe

– А.Х. почнала вербална расправија со нејзината свекрва и потоа, во еден момент, го зела нејзиното 19-месечно дете и почнала физички да го малтретира, удирајќи го со раце во пределот на главата и телото по што во еден момент го кренала високо и го фрлила на земја, соопшти МВР.

Случаен минувач го пријавил настанот во СВР Скопје, по што веднаш интервенирала полицијата. Била известена и Итната медицинска помош која детето го однела во Детската клиника, а подоцна било пренесено на Клиниката за неврохирургија каде специјалист неврохирург констатирал дека има нагмечување на главата и потрес на мозокот.

А.Х. била приведена во полициска станица каде ги појаснила околностите на извршување на кривичното дело. СВР Скопје за случајот го известил и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1