Хорор во Србија: 40 повредени во напад од стршлени


Рој стршени нападнале 40 луѓе кои учестувале на Савската регата која се одржувала меѓу Батковиќ и Остојиќ, Србија, пишуваат медиумите во Србија.strsleni-napadnaa

Најверојатно станува збор за пропуст на организаторот. На пристаништетото на едно дрво, каде што имало легло на стршени, ги нападнале учесниците на регата. Околу 40 пациенти побарале лекарска помош поради симптоми на алергија.

Во Ургентниот центар бил донесен и 44-годишен пациент кој дури шест стршени го каснале и чиј живот бил загрозен. За среќа, состојбата на пациентот сега е стабилна.

– Беше хаотично. Луѓето во паника бегаа, паѓаа, губеа свест – раскажува очевидец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1