– Се сомневав дека била со друг маж во нашата куќа во Трст. Во тоа се уверив и затоа решив да ја убијам. Земав екелтричен кабел и и` го замотав околу вратот, а потоа кабелот го уклучив во струја, ова го раскажал Драган Костиќ (61), кој во италјанската полиција признал дека ја усмртил својата поранешна жена, Славица (38).
Драган на инспекторите до детали им го објаснил овој хорор. Првото сослушување после неговото апсење било во една од полициските станици во Трст.
– Славица ме бакна на 23. април, кога се видовме, бевме во нејзиниот автомобил. Зборувавме подолго. И дадов дури и 50 евра бидејќи ги бараше од мене. Меѓутоа не и поверував, па поради тоа отидов накај дома. Не ме убедија нејзините умилкувања и ветувања дека нема друг. Сакав да проверам дали била само во куќата во Трст, изјавил Дрган.
Тој минал пат од околу 1.400 километри само за да провери дали Славица го изневерува, без оглед на тоа што биле разведени.
– Тргнав од Србија со мојот „форд мондео“. Стигнав во Трст околу полноќ на 24. април. Веднаш отидов во куќата. Ја отворив капијата од дворот со клучевите кои ги имав кај себе. После тоа веднаш влегов во куќата, рекол на сослушувањето.
– Слушнав дека се отвара прозорец, отидов во својата соба и видов сенка која се одалечува од куќата. Побарав објаснување, а Славица ми одговори дека мене не треба да ме интересира што таа прави. По тие зборови се разбеснив и отидов до дворот го земав кабелот и го замотав на нејзиниот врат и го уклучив во струја.