Хорор: Волци изеле британска туристка во Грција


Волци изеле Британка која била во посета на Грција. Во саботата се најдени остатоците на британска туристка во близина на селото Петрота во Тракија, на околу 285 километри источно од Солун.

Судскиот вештак Никос Кифнидис рече дека бруталноста на животните била толку жестока што двете бутни коски на жената биле скршени во нападот, а недостига и голем дел од телото, што укажува на тоа дека тоа не би можело да биде напад на кучиња како што се мислеше претходно.

Во саботата беа најдени остатоците на Британката во близина на селото Петрота во Тракија, на околу 285 километри источно од Солун.

Во близина бил најден пасошот на Силија Лоис Холингворт (65) која ден претходно била пријавена за исчезната од Британската амбасада.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1