Над 400 лица загинаа во сообраќајни несреќи во Тајланд за време на новогодишните празници, соопшти Одделението за копнен сообраќај.
Ројтерс пренесува дека 426 лица загинале во 3.3.27 сообраќајни несреќи во период од 29-ти декември 2016 до 3-ти јануари 2017 година, што пак е повеќе во однос на истиот период лани кога животот го загубиле 340 лица.
Според извештајот од Светската здравствена организација од 2015 година, смртноста на патиштата во Тајланд е најголема во светот по Либија.