Хоспитализирани повеќе од 100 лица поради „хемиската магла“ во Истборн


Повеќе од 100 лице се примени во болница, по инцидентот со „хемиската магла“, што се случи во јужната англиска област Сасекс, јави Би-Би-Си.

Општата болница во Истборн соопшти дека 133 лица се хоспитализирани.

Англиската полиција наведе дека се спроведува истрага за причината за „хемиската магла“, но се претпоставува дека потекнува од испуштени хемикалии во воздухот, од некоја фабрика на брегот од Франција кои ветерот претворајќи ги во „магла“ ги префрлил преку Ламанш во Велика Британија.

Претходно беше јавено дека на плажата „Бирлинг Гап“ во јужната англиска област Сасекс се спуштила „хемиска магла“, што предизвикала голема вознемиреност кај луѓето.

Повеќе од 50 лица, веднаш побарале лекарска помош, поради силното „печење на очите и на грлото“ .

Речиси сите луѓе се наоѓале плажата до Истборн и на познатите Бели гребени на каналот Ламанш, во моментот на спуштањето на „маглата“ .

Инцидентот се случил синоќа, кога „маглата“, за што сведоците тврдат дека дошла од правец на морето, предизвикала иритираност кај луѓето кои продолжениот викенд во Велика Британија, го минувале посматрајки го заоѓањето на сонцето над Каналот.

Луѓето во реонот на Истборн биле предупредени да се повлечат итно во своите домови или во затворени простории, затворајќи ги вратите и прозорците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1