Хотелите во Грција имаат храна само за 10 дена – недостаток и на лекови


Атанасиос Келемис, претседател на германско-грчката стопанска комора, во интервју за „Ханделсблат” изјави дека хотелите во Грција полека остануваат без храна.

– Големите хотелски синџири имаат храна за уште, можеби, десет дена, а потоа ќе почнат тешкотиите. Грција и Европа мора да почнат да соработуваат – вели Келемис.turisti-grcija

Тој додава дека треба итно решение за економијата.

– Ако наскоро нема решение, на крајот на оваа недела може да ги очекуваме и првите отпуштања – вели тој

Поради актуелната ситуација, во Грција наскоро може и да снема и лекови. Поголемиот број на лекови во Грција се увезуваат од другите европски земји. Но, поради кризата во моментов трансферот на пари помеѓу Атина и странство е ограничен, па аптеките и болниците се плашат дека наскоро би можеле да останат без лекови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1