Во најзагрозеното место во Србија, Обреновац, се појавил најхрабриот руски херој…
Тој скокнал од мост во река за да извлече двајца српски спасувачи и луѓе од чамецот што се превртел. Тој е херој на денот. Во моментот кога го видел чамецот како се превртува со две Обреновчанки и двајца српски спасувачи, веднаш скокнал од мостот, испливал до нив и ги спасил сите.
Ова е навистина храбар потег од кој човек се наежува, кој го потврдил и поздравил премиерот на Србија Александар Вучиќ.
„Сешто се случува овде. Ситуацијата е таква што има убави и тажни приказни. Една од нив е онаа со Русинот-спасувач, кој со неверојатна храброст скокна и спаси двајца српски спасувачи и две жени од водената стихија и сите сме му благодарни за тоа“, изјавил Вучиќ.