Храбра мајка: Истиот ден дознав дека сум бремена и дека имам рак на мозокот!


Будно го следам нејзиното растење и уживам во секое нејзино достигнување. Иако не знам уште колку долго ќе можам да го правам тоа. Таа е моја инспирација – таа ми дава сила да се борам.

Мишел Камингс (35) од Армстронг Крик во Австралија, долго време не можела да забремени – таа и нејзиниот партнер се обидувале веќе една година. Сепак, среќата им се насмевнала и таа останала бремена. Но, истиот ден дознала дека има и рак на мозокот.

01_misel-kamings-658739614-599455

„Почнав да се сомневам дека ќе забременам, затоа што јас и мојот сопруг Дејвид се обидувавме веќе една година. Сепак, овој пат се чувствував поинаку“, вели таа. Една вечер легнала во кревет, а кога се разбудила, била опкружена со лекари. Поради неочекуваниот напад кој го имала во сон, завршила во болница.

„Јас веднаш ги предупредив дека е можно да сум бремена и дека треба да внимаваат, а потоа докторот ми соопшти дека сум во право. Бев во благословена состојба! Не можев да верувам! Дејв и јас конечно основавме семејство. Но, не можев во целост да се радувам, затоа што уште не знаев што го предизвикало нападот“, раскажува таа. Неколку часа подоцна ја посетил невролог и и` рекол дека откриле израсток во големина на топче за голф на нејзиниот мозок.

„Ми се заврте во главата. Истиот ден ја добив и најубавата и најлошата вест – за само неколку часа. Но, поради позицијата во која се наоѓал, туморот не можел да се оперира. Сепак, добрата вест беше тоа што се` уште не се проширил на `рбетот. Не можев да верувам што ми се случува. Во себе имав мал живот за кој треба да се грижам. Како можев да се фокусирам на себе?“, вели таа. Тие ја испратиле дома на неколку дена и и` дале лекови кои ќе ги спречат нападите, а нема да му штетат на бебето. Докторите за време на бременоста можеле само да го следат развојот на туморот.

„Во 12 недела имав уште еден напад. И повторно завршив во болница. Се уплашив да не му се случило нешто на бебето, но за среќа било се` во ред“, раскажува Мишел.

Во 20 недела дознале дека чекаат девојче кое било родено во 38 недела преку царски рез. „Кога го слушнав нејзиниот плач, здивнав. Беше сосема здрава. Не можев да верувам дека само ние двајца сме создале нешто толку убаво. Во наредните неколку месеци се посветив на мајчинството. Не знаев уште колку време ми останува, па сакав да го искористам секој момент со неа“.

Кога малата Челси имала 5 месеци, Мишел направила биопсија за да видат за што точно се работи. Откриле дека има олигоастроцитом од втор степен.

„Иако мојот рак растел споро, се` можело да се смени за секунда. Тие кои боледуваат од него, живеат во просек седум години. Бев растргната. Сакав да врескам, но останав прибрана поради своето девојче“, раскажува оваа мајка.

„Најважно ми е да бидам добра мајка. Секоја слободна секунда ја поминувам со неа. Имам среќа, па мојот карцином се` уште не расте“, вели таа.

Челси сега има три години и многу е приврзана за мајка си. „Будно го следам нејзиното растење и уживам во секое нејзино достигнување. Иако не знам уште колку долго ќе можам да го правам тоа. Таа е моја инспирација – таа ми дава сила да се борам“, вели Мишел.

Точка.ком.мк

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1