Храната како лек: Koja што лечи?


Храната како лек – може да ви помогнe со мигрената, несоницата, болките во грлото, мускулите или со предменструалните симптоми.

Еве која храна е лек за која болест:

med3

БОЛКА ВО ГРЛОТО

ЛЕК: МЕД

Неговата антибактериска и антиоксиданска моќ ги олеснуваат болките во грлото.

2 лажички мед во топол чај и сипајте си по една шолја на секои два до три часа по потреба. Некои студии велат дека потемниот мед има посилна антибактериска моќ.

Можете да го ставите и во јогурт, салати или да го користите во колачи.

БОЛКА ВО МУСКУЛИТЕ ОД ВЕЖБАЊЕ

ЛЕК: ЃУМБИР

Ако не сакате воспаление на мускулите од напорното вежбање време е за ѓумбир.

Една студија покажа дека ако консумирате два грама свеж ѓумбир (околу 2 лажички) пред вежбањето секој ден во текот на една седмица и половина, можноста да ве болат мускулите од кревање тегови е за 25 проценти помала.

Тој содржи антивоспалителна состојка и има дејство како лекарствата против болка. Се препорачува и при гадење и мачнини. Можете да го консумирате и во супи или сендвичи.

hrana ovosje zelencukНЕСОНИЦА

ЛЕК: КИВИ

Жените почесто имаат проблеми со сонот, а ова овошје може да им помогне. Една тајванска студија покажа дека жените кои јадат 2 киви еден час пред спиење во текот на еден месец заспиваат 14 минути побргу и имаат подолг сон.

Едно од можните објаснувања е што го зголемуваат нивото на серотонин, хормонот кој е брз билет до земјата на соништата.

Консумирајте го како дел од овошна салата или овошни џусови.

 МИГРЕНА

ЛЕК: СЕМКИ ОД ТИКВА

Кога страдате од мигрена изедете рака полна семки од тиква.

Тие се богати со магнезиум, минерал кој недостига кај луѓето кои патат од мигрена. Ваквиот недостиг предизвикува стеснување на крвните садови околу мозокот.

Можете да ги консумирате и во салати и десерти.

spiceКари

Според студијата од 2006 год. од страна на шкотски институт, зачинот кари е носител на главната компонента присутна во аспиринот. Што значи дека го има истото дејство. За да немате главоболки зачинувајте ги салатите и месото со овој зачин.

ПМС

ЛЕК: БАДЕМИ

Ако секој месец имате менструални болки, решението се бадемите.

Студија во магазинот American Journal of Clinical Nutrition откри дека високата содржина на рибофлавин во храната како бадемите ја намалува можноста за развивање на ПМС за 35 проценти.  Околу 40 бадеми ќе задоволат повеќе од 30 проценти од потребната дневна доза на рибофлавин во вашиот организам.

Додадете ги во житарици, јогрут или како гарнир со боранија.

1_borovinkiБоровинки

Исто како и брусницата, боровинката ги има истите својства и помага во лeкувањето на инфекциите на мочните патишта и цистите. Количеството на супстанцата е помало, но затоа пак се многу подостапни кај нас да се купат свежи. Од друга страна е добар антиоксиданс.
Зелена салата
Жените кои се соочуваат со болки за време на ПМС, имаат зголемено ниво на естроген, затоа им е потребна нова навика во исхраната. Храната богата со магнезиум исто така може да ја намали болката. Затоа навикнете се секој ден да јадете зелена салата од марула или зелка и една рака бадеми. Само немојте да чекате кога ке ви дојде месечниот циклус.
Масло од каранфилче
Не е конкретен лек со кој се решава проблемот, но ја намалува забоболката. Нема да ви го поправи забот, но во ситуации кога нема да бидете во состојба да отидете на забар многу ќе ви се најде.

NotForMen 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1