Хрват на Цеца ѝ нуди 200.000 евра да пее во Хрватска


Хрватите со децении ја сатанизираа не можејќи да ѝ простат што е вдовица на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Екстремистите отворено ѝ се закануваа, пишува српски „Ало!“. Поради тоа Цеца никогаш не запеа во Хрватска, каде нејзините песни и понатаму се забранети на некои телевизии и на радио станиците.ceca2-620x400

Меѓутоа, еден бизнисмен е подготвен на Цеца да ѝ понуди највисок хонорар што некогаш добила естрадна ѕвезда во поранешна Југославија само за да запее во Загреб.

– Освен 200.000 евра, на Цеца ќе ѝ ветат и силни мерки за обезбедување зошто концертот би бил од висок ризик. Ако се согласи да настапи во Хрватска, тоа би се случило на пролет – тврди добро информиран извор кој сакал да остане анонимен.

Цеца порано истакнувала дека никогаш нема да настапи во Хрватска.

– И кога го правев концертот во Белград, ги повикав сите луѓе што сакаат да ме слушнат да дојдат овде, зошто Србија и Белград се отворени за сите луѓе, за разлика од, на пример, Загреб. Затоа, таму никогаш во животот не сум била ниту ќе одам. Ја почитувам публиката од сите простори на поранешна Југословија и сите ги повикувам на своите концерти каде и да настапувам. Цел живот се занимавам исклучително со музика и пеење на најубави љубовни песни – изјавила своевремено Ражнатовиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1