Хрват тврди дека го искашлал ракот – користел масло од марихуана


Хрват кој има 38 години и дијагноза на тумор на белите дробови, за порталот „Дневник“, тврди дека го искашлал ракот преку уста и тоа со помош на масло од канабис.


marihuana_list_625_21072010„Јас го исфрлив ракот преку уста. Се закашлав и плукнав парче ткиво. Ситно, крваво, црно, тенко, како мало смотано црево. Го држев карциномот на дланка. Беше на две дела, со големина од некои седум сантиметри“, раскажал хрватот.

Докторите му „дале“ од четири до шест месеци живот, меѓутоа тие месеци одамна поминале.

Иако до неодамна во Хрватска можело да се заврши во затвор за поседување грам марихуана, сепак човекот редовно конзумирал канабис, бидејќи како што тврди, благодарејќи на него тој е сеуште жив.

marihuana2

Човекот е уверен дека, како што вели, го искашлал ракот токму благодарејќи на маслото од канабис кое почнал да го користи откако, без знаење на докторите, ја прекинал конвенционалната терапија која му ја одредиле.

„По три месеци, на контролниот преглед ракот веќе не можеше да се забележи. Мислам дека тоа е резултат на канабисот. Секако, никој од докторите не сака да го потврди тоа, бидејќи ставот на официјалната медицина е дека канабисот е дрога“, додал пациентот.

Секоја употреба на марихуана, па и онаа за медицински потреби, како и во Македонија, така и во Хрватска е казниво дело.

Меѓутоа, тој не сфаќа зошто е тоа така, бидејќи како пациент нема право да избере начин на кој ќе се лечи, а без притоа да дојде во конфликт со законите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1