Хрватите им воведоа визи на Турците – Турција врати со иста мера


Од 1 април годинава хрватските државјани мораат да имаат виза за влез во Турција, а виза ќе може да се извади или на граничните премини или во дипломатско-конзуларните канцеларии на Република Турција, соопшти хрватското Министерство за  надворешни и европски прашања.

visaИсто така, од 1 април турските државјани, сопственици на обични патни иправи, мораат да имаат виза за влез во Хрватска.

Како што се потсетува во соопштението, Хрватска е обврзана, во процесот на пристапување кон ЕУ, целосно да го усогласи својот визен режим со режимот на ЕУ, најдоцна три месеци пред датумот на пристапување.

Со оглед на фактот дека Хрватска на 1 јули и официјално влегува во членство на ЕУ хрватскиот визен режим мора во целост да биде усогласен најдоцна до 1 април. Тоа значи дека за државјаните на Турција и Русија, но и останатите држави кои не се членки на ЕУ, од тој ден ќе се применува класичниот визен режим, пренесе агенцијата Хина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1