Бесни поради поразот од Бразил (3:1) на кој во голема мера влијаеше грешката на главниот судија, фудбалерите на Хрватска ја искршиле соблекувалната, тврди американската телевизиска станица „ESPN“.
Бразилските медиуми дополнително пишуваат дека персоналот од Коринтијанс арената со часови се обидувале да го средат хаосот кој го оставиле „коцкестите“.
Американската телевизија наведува дека хрватските играчи бесот после поразот го истуриле во соблекувалната, кршејќи го инвентарот.
Искршени биле и неколку декоративни украси на ѕидовите.
-Се е валкано. Извалкале се што можело да се извалка. А и во ходниците направиле поплава, изјавил Андрес Санчез, директор на стадионот во Сао Пауло.