И давала алкохол на ќерката од 3 год – за да се навикнела (Фото)


Шенон Бароус (35), од Донкстер во Англија, открила дека на својата најстара ќерка Џејми Ли (20) почнала да и дава алкохол од нејзината трета година за да ја подготви да го издржи алкохолот во тинејџерските години.

majka-kerka-alkohol-Џејми за својот роденден испила шише водка, додека гајбите со пиво биле нормална појава секој викенд.

До моментот кога станала возрасна, таа веќе била во „форма“ да оди во град и да пие со нејзината мајка и нејзиното друштво до четири наутро.

„Ние обожаваме да се напиеме заедно. Ако се напие малку повеќе, тука сум јас да се грижам за неа.

Исто е и во спротивната ситуација: ако јас претерам, знам дека Џејми е тука“, реклата мајката на девојката.

article-0-173C3829000005DC-179_634x491Мајката и ќерката заедно го прославуваат 20-от роденден на Џејми – секако со алкохол

Апетитите за алкохол, Шенон и нејзината ќерка ги задоволуваат со парите, кои ги заработува нејзиниот сопруг Џон (50) како градинар и детскиот додаток кој изнесува 180 фунти.

Шенон за списанието „Closer“ рекла дека сакала нејзината ќерка да научи „како треба да се пие“ и кога ќе порасне да биде нејзина „другарка за забава“, а и дека давањето алкохолот на рана возраст созадава отпорност кон алкохолот.

Џејми Ли (20) почнала да пие од нејзината трета година

majka-kerka-alkohol-33Иако таа е свесна дека нејзиното однесување ќе наиде на осуда, таа не гледа ништо лошо во својот однос со ќерката и напоменува дека нејзините мајчински способности и одговорности не може да се доведуваат во прашање.

Шенон самата почнала да пие од својата 14 година, па често се онесвестувала на улица поради премногу алкохол, а не ретко и полицијата ја враќала дома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1