И денеска сончево време, попладне пороен дожд и грмежи


Локална појава на пороен дожд и грмежи ќе има денеска во попладневните часови, а ќе има услови и за изолирана појава на град и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Времето утре ќе се задржи сончево и топло време. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а дневните од 26 до 36 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 31 степен.

Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар) во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Заради северниот ветер ќе има пад на температурите за шест до осум степени

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1