И до Обама испратено отровно писмо – евакуиран дел и од Капитол Хил


Писмо со сомнителна содржина, кое било адресирано до претседателот на САД, Барак Обама вчера пристигнало до секторот за прием на пошта на Белата куќа.

barack-obama-sticky1Ова го соопшти денеска Службата за обезбедување на шефот на американската држава. Сомнителната содржина на писмото била откриена при редовната постапка на скенирање на сите добиени пратки. Во соопштението на Службата за обезбедување на американскиот претседател се наведува дека секторот за прием на пратки не се наоѓа во близина на Белата куќа.

Во тек е истрага за случајот во која се вклучени агенти на Службата за обезбедување и на Федералното истражно биро (ФБИ).

Откако биле утврдени сомнителни пакети на првиот и третиот кат делови од U.S. Capitol се евакуирани и се чешла тој дел од зградата. И сенаторот Richard Shelby од Алабама добил сомнително писмо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1