И ги ампутирале 2 нозе и раката откако ја каснало нејзиното куче (Фото)


Самохрана мајка на четири деца остана инвалид откако нејзиното домашно милениче од видот ши цу ја гризнало.

sicu1Инцидентот се случил на 22 мај кога 49-годишната Кристин Керон била касната од кучето Бустер, по што наместо да побара помош во болница, само ја забришала малечката рана и им дозволите на нејзините други три кучиња да и ја излижат.

Три дена подоцна оваа Канаѓанка од Отава, доживеала септички шок бидејќи раната и се инфицирала со бактеријата Капноситифага каниморсус, која ја има во лигавицата на кучињата.

Лекарите морале да преземат нешто за да и го спасат животот од инфекцијата која брзо се шорела и тогаш ја ставиле во вештачка кома.

Септичкиот шок ја попречил циркулацијата на крвта во екстремитетите по што лекарите немале друг избор освен да и ги ампутираат.

Кога по 6 недели се разбудила од кома нозете и биле поцрнети а раката и изгледала како мумифицирана.

Единствен начин за да преживее била ампутацијата на гангренозните екстремитети.

Лекарите констатирале дека инфекцијата се проширила или од од гризнувањето на кучето или пак од лигавицата на другите кучиња.

За да биде трагедијата поголема, оваа жена која живеела работејќи како градинар и шетач на кучиња, немала здравствено осигурување. Сега семејството основаше фонд за донации за да се обезбедат средства за протетички нозе и рака.

Семејството веќе е во долгови и до сега собрало 13.000 долари, а потребни им се околу 100.000 долари за да ги платата болничките трошоци и домашната нега.

Пред неа се уште најмалку шестмесечен период на опоравување, а ја очекува и трансплантација на кожа на десната рака која исто и е поцрнета и не може да ја движи.

Бактеријата која ја предизвика целата неволја на оваа жена ја има во плуканката на кучињата и мачките и обично не е опасна за здрави возрасни лица. Бидејќи станува збор за отворена рана кај неа се се искомплицирало.

Годишно еден милион Американци се каснати од куче а можноста потоа да развијат некаква инфекција варира меќу 3 и 20 проценти.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1