И го замениле бебето во болница – а мажот ја оставил зошто мислел дека го изневерувала


Софи Серано на 4-ти Јули 1994 година ја родила ќерката Манон Серано. Но девојчето имало потемен тен од родителите, порадишто таткото долго се сомневал дека неговата сопруга го изневерувала и дека Манон не е негова ќерка.

726713-bebaНапраил ДНК тест пред осум години кој му ги потврдил сомневањата и убеден дека жената го изневерувала ја оставил. 2 години подоцна и Софи направила ДНК тест за утврдување на мајчинството. Се шокирала кога резултатите покажале дека таа не и е мајка на Манон. Со години не знаеле што се случило.

,, Не можев да дојдам на себе, цело семејство ми се растури, се чуствував како ја губам и ќерката која ја одгледав. Потоа дојдовме до заклучок дека децата се заменети во болница,, вели Софи. 

Бебињата ги замениле болничарките кои ги ставиле во исто креветче, а потоа ги дале на погрешни мајки. Софи, тогаш се пожалила дека бебето не личи на нејзиното, но болничарките не сакале да ја слушаат и ја убедувале дека е нејзиното бебе.

Семејството успеало да ја пронајде својата биолошка ќерка и оствариле средба со вистинските родители на Манон. Двете семејства одлучиле девојчињата да си останат во семејствата каде се одгледани но да се во контакт. Софи ја тужела клиниката поради замената, а адвокатот и институцијата ја признале грешката, но изјавиле дека мајките требало да забележат дека бебињата не се нивни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1