И Истанбул под вода (Фото)


Поројни дождови предизвикаа поплави во Истанбул и го попречија одвивањето на сообраќајот во градот.

Метеоролозите прогнозираат дека дождовите ќе продолжат до недела, а турските власти ги предупредуваат граѓаните да избегнуваат да стојат на отворено.

1istanbul500Турските весници објавија фотографии на кои изгледа како морето и копното да се споиле и како во водата истовремено пловат и бродови и автомобили.

Весникот „Хуриет“ под насловот „Морето излезе на копно“ пишува дека особено бил погоден азискиот дел на градот. На плоштадот во населбата Јоскодар водата достигнала 50 сантиметри. Во други делови на Истанбул, како Газиосманпаша, Багџалар и Есенлер се поплавени станбени објекти и канцеларии.

Сообраќајот во мегалополисот е парализиран. Патниците од градскиот транспорт биле принудувани да излегуваат од автобусите и да газат во водата. Во населбата Кадакој седум лица биле блокирани на поплавено игралиште додека играле фудбал и биле спасени од противпожарната служба.

Дождовите предизвикаа хаос и во други турски окрузи, како Измир, Малатија, Каркларели, Болу и Бурса.

istanbul500

3istanbul500

4istanbiul500

1istanbul500

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1