И Mадрид воведува „пар-непар“ во сообраќајот за да го намали загадувањето


Градската власт на Мадрид се надева значително да го намали загадувањето на воздухот, откако по првпат го ограничи движењето на автомобилите според бројот на регистерските таблички, пренесоа американските медиуми.madrid

Мадридските власти соопштија дека со некои исклучоци на автомобилите со парни броеви утре нема да им се дозволи да се движат по коловозите меѓу 6,30 и 21 часот.

Веќе се воведени и други мерки, вклучувајќи ја и забраната за паркирање на автомобилите по улиците, што се сопственост на луѓе кои не живеат во шпанската престолнина, и ограничување на бризината на движење.

Градската управа, исто така соопшти дека мерките ги применува заради наднормалните нивоа на азотен диоксид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1