И Македонија се затвора за патници од Англија по новата мутација на Ковид-19


Забрана за летови во двата правци и задолжителен 14 дневен карантин за сите граѓани кои од Велика Британија доаѓаат во Македонија. Овие ригорозни мерки следуваат по паниката во светот од мутираниот Ковид-19 кој е со многу висока заразност. Комисијата за заразни болести не планира и задолжителен ПЦР тест, со образложение дека засега нема потреба од ваква мерка.

-Многу земји преземаат вакви одлуки. Не се работи за нешто ново, што има сериозен смртоносен ефект туку за нешто што е согледано во моментот се уште се анализа, но побрзо се пренесува отколку што беше со сегашната пренсливост, изјави Зоран Заев, претседател на Владата.

Светот е во паника а она што засега се знае за вирусот, според микробиологот Пановски е високиот процент на преносливост, а нема податоци за посериозни компликации кај пациентите кај кои бил детектиран. Се надева дека вакцината ќе има ефект и кај новата мутација.

-Сега се следи зошто е зголемена трансмисивноста и дали антителата што се создаваат ќе штитат и од новата мутација. Се следи дали ќе има реинфекција и ако има дали е мутираниот вирус, со тоа ќе се доведе во прашање вакцинацијата, но нема податоци за такво нешто и се уште е рано, вели др. Никола Пановски, микробиолог.

Пановски очекува денешните предложени мерки да го успорат ширењето на мутираниот вирус и кај нас.

-Се надевам дека ќе оди споро ширењето, не може да спречите мутација ама да стигне покасно, до кај март веќе ќе има милиони вакцинирани и ќе знаеме каков ефект има, вели Пановски.

Инаку, предложените мерки од Комисијата за заразни болести и кризниот штаб треба да бида тусвоени на утрешната владина седница за да стапат на сила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1