И Новак Ѓоковиќ позитивен на Ковид-19


Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ у неговата сопруга се позитивни на Ковид-19.

Србинот кој беше организатор на егзибициските турнири во Белград и Задар, е засега последниот во низата учесници кои се позитивни на вирусот.

Откако се започна во неделата кога бугарскиот тенисер Григор Димитров, ден претходно се откажа од турнирот, за потоа и да објави дека е позитивен на Ковид-19, по што стигнаа и информациите дека и неговиот тренер Кристијан Грох, како и кондицискиот тренер на Ѓоковиќ, Марко Паникио, но и хрватскиот тенисер Борна Чориќ, исто така се позитивни на вирусот.

Бројните критики кои стигнаа на сметка на Ѓоковиќ околу организацијата на турнирот го принудија Србинот да даде и свое видување.

Меѓу другите потврда стигна дека и уште еден српски тенисер е позитивен на Ковид-19, а станува збор за Виктор Троицки.

Иако, тенисот беше меѓу првите спортови што добија зелено светло во ерата на Корона вирусот, сепак се покажа дека пред се неодговорното однесување и присуството на повеќе навивачи и учесници на турнирите и тоа како преставува проблем во борбата со пандемијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1