И Париз се гуши во смог – издадена тревога (ФОТО)


Загадувањето во Париз предизвика огласување на тревога, откако беа забележани екстремно високи загадувања.

6parispolution

Од понеделникот во воздухот има честички ПМ10, честички кои се мерат под 10 микрони, а кои пораснаа на 80 микрограми на кубен метар.

Атмосферскиот притисок веќе четири дена по ред е висок, а недостатокот од ветер спречуваат распрснување на честичките коишто се насобираат над градовите во Франција.

Според најновите истражувања кои се објавија во понеделникот, Европејците кои се изложени на ваквата загаденост се соочуваат со ризик од предвремена смрт.

Светската здравствена организација во октомври годинава го прогласи загадувањето како најголем виновник за појава на рак, а со тоа загадувањето е во четирите најголеми причинители на овие болести.

Тревогата ќе остане на сила најмалку до недела.

EU-ENVIRONMENT-POLLUTION

6parispolution

5parispolution

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1