И покрај одличниот настап, Македонија повторно без финале


Македонија и Јана Бурческа за жал не успеаја да се пласираат во финалето на овогодинешното натпреварување за најдобра евровизиска песна.

И покрај одличниот настап, нашата пејачка, која вечерва објави дека е трудна, а потоа и беше запросена и кажа „ДА“, не беше извлечена за настап на финалето во сабота.

Инаку Македонија веќе 20 години се обидува да најде успешна формула за Изборот за песна на Евровизија, но само еднаш успеа да заврши во горната половина во финалето, и тоа во 2006 година кога Елена Ристеска го освои 12. место со „Нинанајна“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1