И познати заложуваат злато за пари – на листата новинари, политичари, пејачи


Прифаќаме само движни ствари за залог. Најмногу се заложуваат возила, техничка стока, компјутери, таблети, лаптопи, телефони, злато, уметнички слики, велат од една од приватните заложни куќи во главниот град

Многу јавни личности – политичари, новинари, естрадни уметници, спортисти – зачукале на вратата на приватни заложни куќи во земјава за да дојдат до кеш. Kако и другите граѓани, оставале под залог злато, вредни автомобили, техника или, пак, уметнички слики, само додека да ја пребродат кризата со пари. Некои заглавиле и никогаш не го вратиле заложениот предмет, други плаќале и рата и камата само да си ја вратат семејната скапоценост назад. „Дневник“ истражуваше колку се посетени приватните заложни куќи во главниот град и дали имаат редовни клиенти. pari mito zema
– Граѓаните главно заложуваат предмети принудени од некој неочекуван трошок или неостварен план во приходите. Или извршител им тропа на врата или им требаат пари за храна и комуналии за да го прoтуркаат месецот, а приходите им доцнат – ни раскажа соговорникот, од една заложна куќа во Скопје, кој поради специфичната професија, инсистираше да остане анонимен.

– Нас во принцип не интересира колкава е во моментот пазарната вредност на тоа што се нуди под залог и најголема вредност која ја исплаќаме е половина од проценетата. Има негодувања од муштерии, сметаат дека проценката е пониска од тие што очекувале и обично се водат од математиката колку пари дале за тој предмет, а не од тоа колку е неговата моментална вредност на пазарот, доколку се понуди на продажба.Праксата покажува дека најчесто луѓето кои заложуваат движни предмети за брзо време кога ќе застанат на нозе си ги враќаат. Дали ќе најдат купец или на друг начин ќе го решат проблемот, но се снаоѓаат и си ги враќаат предметите бидејќи знаат дека нивната вредност е барем двојно повисока од парите кои ги зeмале. Од предметите се откажуваат само оние кои се свесни дека е направена погрешна проценка или, пак, заложиле најнови телефони набавени од странство кои не можат да се декодираат – вели нашиот соговорник.

И додека најголем дел од граѓаните заложуваат на ситно, дури и за 50 или 100 евра, колку да закрпат некоја дупка, има и такви на кои им требаат многу повеќе пари.

– Најголема заложена проценета вредност кај нас е околу 10.000 евра и тоа е за предмети што вредат над 20.000 евра. Но има луѓе кои, на пример, заложиле по неколку вакви скапи предмети. Заложуваме и од фирми. Станува збор за скапи автомобили, вредни уметнички слики, „тешко“ злато и слично – објаснува тој.

– Нема максимален рок на отплата на залогот, односно залогот трае с` додека редовно се намирува каматата од 6 отсто месечно. Но во интерес на странката е што побрзо да го врати долгот – вели тој и потенцира дека дискрецијата на странките кај нив е загарантирана. Дури и за оние што се препознатливи и речиси секој ден „излегуваат“ од телевизиските екрани.

– Можам да истакнам дека има познати фаци, кои дошле да заложат предмети кај нас. Има ваши колеги – познати новинари, политичари, естрадни уметници, спортисти. Тие најчесто ги користат нашите услуги кога очекуваат некаков приход, но тајмингот кога треба да го добијат не им одговара, бидејќи во моментот им требаат парите. Има и такви што заглавиле и не си го вратиле заложениот предмет – вели тој.

Целата сторија на – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1