И се оствари сонот: Северина го запозна Ентони Хопкинс ФОТО


Северина и Игор Коиќ последните денови уживаат во Америка, во посета на две години постарата сестра на Игор – Наташа. 31-годишната Наташа одвај дочекала во Лос Анџелес, во кој живее долга низа година, да ја посетат братот и неговата сопруга, со која очигледно добро се согласува и забавува.

Заедно позирале и со легендарниот актер Ентони Хопкинс.Severina(30)

„Прекрасниот Ентони Хопкинс, мојoт најомилен актер. Ако имате можност, слушнете го валцерот којшто го компонираше – „And The Waltz Goes On““, напишала Северина покрај фотографијата со која се пофалила на својот профил на Инстаграм.

Наташа Коиќ во Америка се отселила пред осум години, а поради актерските, пејачките и обврските околу моделството не била на нивната венчавка во ноември 2015 година. На венчавката се јавила преку Скајп и на младенците на тој начин им посакала среќа во бракот.

Очигледно Северина и Наташа одлично се согласуваат, барем судејќи според фотографиите и видеото коишто ги објави Северина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1