Иако се спомнуваше и името на Стево Пендаровски како можен предводник на опозицијата, според изворите на Дневник, тој отпаѓа од игра бидејќи немал доволно партиски стаж.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ и шеф на изборниот штаб на полседните локални избори, Игор Ивановски – Шема влегува во трката за прв човекна Бихаќка, објавува Дневник повикувајќи се на високи партиски избори. Според весникот, Ивановски веќе почнал да лобира кај делегатите на Конгресот на СДСМ, кои ќе треба да одлучат кој ќе биде нов лидер на СДСМ.
Покрај него во игра се и Радмила Шеќеринска и Зоран ЗАев, кои опозициските медиуми веќе ги обележаа како најсериозни кандидати за нов претседател на СДСМ. Кандидатура најави и некогаш првиот човек на Агенцијата за разузнавање и поранешен близок соработник на Црвенковски, Кире Наумов, о тој вели дека влегува во трката само доколку има фер услови.
„Ако на конгресот се остави минимум фер игра внатре и ако се овозможи претставување во општинските организации и пред делегатите како јас ја замислувам СДСМ во иднина, не ја исклучувам можноста да бидам кандидат“ – вели Наумов.за Дневник.
Иако се спомнуваше и името на Стево Пендаровски како можен предводник на опозицијата, според изворите на Дневник, тој отпаѓа од игра бидејќи немал доволно партиски стаж.
Во СДСМ сите се „заколнати“ на молк до конгресот кој се уште не се знае дали ќе се одржи на крајот на мај или на почетокот на јуни.