Жена од Џорџија се уште се опоравува од повредите здобиени во една продавница каде во зорт отишла да го користи нивното WC. Кога седнала на шољата следувало ужасно непријатно изненадување бидејќи останала залепена за даската бидејќи некој ставил супер лепак врз неа.
40-годишната Илјана Де ла Кер останала заробена во вецето околу 25 минути додека воопшти некој забележал дека ја нема,. А во дуќанот влегла на денот на благодарнсота заедно со својата сестра и зет.
Веднаш потоа биле повикани итни служби за да извадат од вецето, а нејзината сестра го снимала целиот настан кога лекарите користел специјален спреј за да одлепат кожата од даската. Видеото покажува колку болно било тоа за жената која вреска додека трае спасувачката операција.
По еден час болки таа е ослободена од даската, но парчиња кожа останале на неа.
Жената се пожалила зошто лекарите од итната служба морале на лице место да ја одлепуваат од даската, кога можела да ја понесат жената во боилница заедно со пластиката и таму во болнички услови да ја ослободат од неа.
Дури 12 дена по инцидентот несреќната жена се уште не може да се опорави од раните. Има големи болки и не може да се движи ниту да седи. Од продавницата почнале да ги прегледуваат снимките од безбедносните камери со надеж дека ќе го откријат измамникот кој стави супер лепак во вецето.
-Тоа воошто не беше смешно. Кој и да го направи тоа сакам да знае дека не е шега воопшто – вели Илјана.